Фиорентина имаше одлични шанси за излез во Европа, но во последните пет натпревари доживеа дури четири порази. Последниот вечерва на гостувањето кај Сампдорија, и тоа убедлив со 4:1.
Алекс Ферари донесе водство, а Фабио Квалјарела зголеми на 2:0. Мортен Торсби и Абделхамед Сабири ја продолжија серијата и во второто полувреме, а почесниот погодок за Фиорентина го постигна Нико Гонзалез од пенал во 89.минута.