Црногорскиот ракометен репрезентативец Божо Анџелиќ (30) е новото засилување за македонскиот првак Вардар во следната сезона. Игра на позиција на среден бек и во Вардар доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година.
Договорот со Анџелиќ е потпишан на една година со можност за продолжување на уште една. Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.
Анџелиќ е актуелен репрезентативец на Црна Гора и има повеќе од 60 настапи за репрезентацијата и над 100 постигнати гола. Во играчката кариера Анџелиќ има настапувано за тимот на Црвена звезда, Малме, Чеглед и Металург, а потоа замина во Ференцварош.