Можно ли е еден од најдобрите фудбалери во светото Аргентинецот Лионел Меси по една сезона мината во францускиот ПСЖ, да се врати во шпанската Барселона каде ја мина целата своја кариера и ја стекна славата !? Шпанските медиуми објавија дека таткото на Меси слетал во Барселона, и тоа го протолкуваа како враќање на Меси на „Камп Ноу“.
За ваков епилог запрашен бил и претседателот на Барселона Хуан Лапорта кој без размислување одговрил дека би сакал да се врати Меси, со што ги воодушевил навивачите на Барселона.
Меси со ПСЖ има договор до 2023 година, но се смета дека „светците“ ќе бара мала отштета само да му ја исполнат желбата на Аргентинецот. Оваа сезона Меси одигра 33 меча за ПСЖ, постигна 11 голови и имаше 13 асистенции.
Лапорта повторил дека финансиската ситуација во Барселона не е сјајна.
-Работиме на засилувања. Знам дека навивачите се возбудени, но вакви операции не се едноставни. Дури и нашата финансиска ситуација да е подобра, постојат детали кои не би ги прифатиле поради клубот. Нема да планираме скапи трансфери се додека клупската иднина е загрозена, појаснил Лапорта.
.