Тиквеш – Воска спорт и Скопје – Беласица ќе бидат двојките од баражот ќкој ќе се игра на 22 мај за комплетирање на прволигашкото друштво во новата фудбалска сезона во Македонија. Вака одлучи денешната ждрепка во ФФМ во која се најдоа двата прволигаши Скопје и Тиквеш кои по лигашкиот дел завршија на 9. и 10. место, како и второпласираните тимови од западната и источната второлигашка група, Воска спорт и Беласица.
Се игра еден натпревар на неутрален терен, а победниците ќе се здобијат со прволигашки статус. Тиквеш и Воска спорт ќе играат во Прилеп, а во Штип ќе се соочат Скопје и Беласица.