Со годишни примања од 8.15 милиони долари фудбалерот на Чикаго, Џердан Шаќири, е најплатен играч во американската МЛС лига, покажуваат официјалните податоци објавени синоќа од раководството на Лигата.
Втор на листата најплатени фудбалери во американската професионална фудбалска лига е членот на Лос Анџелес, Ернандес Чичерито (шест милиони), пред Гонзало Игуаин, чија годишна плата во Интер Мајами изнесува 5.79 милиони долари.
Најголем платен список има Атланта (21 милиони долари), пред Лос Анџелес (20.1 милиони), Мајами (18.8 милиони) и Њу Ингланд (18.1 милиони).
Најмалку за плати, 10.4 милиони долари, годишно издвојува фудбалскиот клуб Солт Лејк .