Ренџерс и Ајнтрахт во Севилја ќе играат за првиот трофеј сезонава на евро сцената

Шкотскиот Ренџерс и германскиот Ајнтрахт Франкфурт вечерва (21 часот) на стадионот „Рамон Санчез Пицхуан“ во Севилја ќе играат за првиот од трите годинашни торфеи на европската клупска сцена – Лига Европа, второто по ранг натпреварување. Финалистите од поодамна имаат освоено европски титули, па вечерашната пресметка им е добредојдена да се потсетата на убавите времиња.

 

Ренџерс беше најуспешен во далечната 1972 година во Купот на победниците на куповите откако во финалето го победи Динамо Москва со 3:2, а Ајнтрахт Франкфурт во 1980 година го освои Купот на УЕФА и тоа благодарение на голот во гости во финалето против Борусија Менхенгладбах (2:3,1:0).

 

-Многу сум горд што имаме шанса да освоиме голем трофеј бидејќи не може сите да играат во големо финале. Мора да одиграме тимски, колективно, да правиме сè заедно, да ја имаме вистинската тактика кога топката ќе биде во нашите нозе, но и да бидеме агресивни во одбраната и да се обидеме да не им дадеме голем простор на играчите на Ајнтрахт. Тие се физички силна екипа, играат офанзивно и со многу трчање. Да бидеме искрени, досега играа фантастично во Лигата на Европа. Не очекува возбудливо финале во кое ќе решаваат нијанси, а ние ќе сториме сè за да победиме – вели Џовани ван Бронкхорст, тренерот на Ренџерс.

Вистинска еуфорија владее и меѓу навивачите на Ренџерс и Ајнтрахт. Се очекува во Севилја да пристигнат дури 80.000 навивачи на Ренџерс иако на трибините на „Рамон Санчез Пицхуан“ ќе може да присуствуваат само 10.000 шкотски навивачи. Слична е ситуацијата и со симпатизерите на Ајнтрахт. Оние кои нема да обезбедат влезница ќе можата да го следат натпреаврот во навивачките зони кои се на оддачеленост од пет километри за да не дојде до нарушување на редот и мирот за кој ќе се грижат 5.000 полицајци.

-Тоа што го направија играчите во полуфиналето беше неверојатно. Тогаш им реков на играчите: Не знам дали вие сте најдобрите играчи или дали сме ние најдобрите тренери, но како група сме неверојатни и можеме да направиме нешто неверојатно – вели Оливер Гласнер, тренер на Ајнтрахт.

Треба да знаете
Последни објави