Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Доријан Бабунски кој настапува за унгарскиот Дебрецин во интервју за бугарските медиуми во пресрет на натпреварот на 2. јуни од Лигата на Нации кои ќе го играат Бугарија и Македонија во Разград порача дека „црвено-жолтите“ доаѓаат на гости кај источниот сосед да победат. Бабунски е донеодамнешен играч на бугарскиот Ботев Враца до каде замина минатата зима во Дебрецин каде настапува заедно со неговиот брат Давид.
-Македонија е во добра форма, очекувам да победиме. Се надевам на добра атмосфера во тимот, изјавил Бабунски за бугарските медиуми.
Натпреварот во Разград на 2. јуни помеѓу Бугарија и Македонија се игра од 18:00 часот.