Кошаркарите на Далас Маверикс ќе играат во финалето на Западната конференција против Голден Стејт Вориорс, а првиот меч од серијата ќе го одиграат ноќта меѓу среда и четврток, три часа по полноќ.
Првата ѕвезда на Далас Лука Дончиќ реши да се опушти пред натпреварот, а во кафуле е фотографиран со чаша пиво во рака.
Сликите беа објавени на социјалните мрежи, а Словенецот бил придружуван од неговиот соиграч Бобан Марјановиќ, како и помошникот тренер на Далас, Игор Кокошков.
Атмосферата во Далас отсекогаш делувала многу позитивно, а Боби и Лука повеќепати покажале дека се одлични пријатели надвор од теренот.
Да потсетиме, Дончиќ е најзаслужниот за пласманот на Далас во финалето на конференцијата, бидејќи апсолутно доминираше во серијата против Феникс Санс, која заврши со резултат 4:3.