Челниците на новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, со големо внимание ја следат ситуацијата околу сенегалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Садио Мане. Крилниот напаѓач има договор со „црвените“ до 30. јуни 2023 година и се погласни и погласни се шпекулациите дека ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.