Натпреварот почна лошо за Себастијан Роде, кој доби жесток удар во главата и следеше пауза од неколку минути додека фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт добиваше медицинска помош затоа што му се раскрваре главата.
Франкфурт имаше посериозна шанса во 11. минута, кога Камада излезе еден на еден со голманот, но не успеа да го матира и мрежата остана да мирува.
Филип Костиќ потоа настапи на сцена и имаше неколку одлични потези, како и два удари за само две минути, од 30 до 32 минута, меѓутоа голманот на Ренџерс имаше голема среќа.
Резултатот го отвори Џо Арибо, кој искористи грешка на противниците, па во 57. минута ја затресе мрежата на Франкфрут за предност од 1-0.
Германскиот тим се надеваше дека брзо ќе се врати во игра, па до израмнување чекаше само 12 минути, кога Рафаел Боре доби добра топка во казнениот простор и погоди за 1-1.
Голема борба се водеше во продолжение меѓу двете екипи, а мрежите мируваа до крајот на дополнителните 30 минути, иако Трап мораше да интервенира во 120. минута по ударот на Кент.
Франкфурт беше поуспешен при изведувањето на пенали со 5-4, откако за Ренџерс промаши Ремзи во четвртата серија од пенал-рулетот.