Германскиот Кил е последниот учесник на фајналфор турнирот што ќе се одржи во Ланксес Арена во Келн, откако претходно тоа го сторија унгарскиот Веспрем, полскиот Кјелце и шпанската Барселона. Кил по голема биотка во двомечот со најскапиот ракометен тим, францускиот ПСЖ го доби реваншот пред своите гледачи со 33:32 (првиот меч заврши 30:30) и си обезбеди место меѓу четирите најусшпешни екипи сезонава кои ќе се бората за трофејот во ракометната Лига на шампионите. Избраниците на тренерот Раул Гонзалес во решавачките моменти од мечот немаа решение за расположениот на голот Никлас Ландин кмој им застана на патот кон Келн. Ландин со две одбрани во завршните две минути го визираше билетот за завршниот турнир.
Францускиот првак го контролираше резултатот во првото полувреме и наа одмор замина со водство од 17:19. Кил во вториот дел почна агресивно и во 36 минута за првпат поведе со 21:20, а подоцна да направат и три гола предност, но ПСЖ не се предаде. Се врати во игра и на три минути пред крајот израмни на 31:31, резултат кој го водеше на завршниот турнир, но не го избегна поразот до крајот иако последниот напад и удар кон голот за реми го имаа „светците“.