Навивач на Нотингем Форест заработи затворска казна за напад на фудбалер

Навивач на англискиот фудбалски клуб Нотингем Форест е осуден денеска на затворска казна од 24 недели поради физички напад врз фудбалерот на Шефилд јунајтед, Били Шарп, по завршувањето на полуфиналниот бараж за пласман во Премиер лигата.

Навивачот Роберт Бигс, сопственик на сезонски билет за натпреварите на Нотингем Форест, втрча на теренот по завршување на натпреварот во вторникот вечер и со глава го удри капитенот на Шефилд јунајтед, Шарп, додека фудбалерот, кој поради повреда не настапи, стоеше покрај теренот.

Инцидентот се случи кога навивачите на Форест втрчаа на теренот, откако нивниот тим триумфираше на пенали со 5-4 и обезбеди пласман во финалниот бараж.

– Инцидентот што го предизвикавте беше смислен чин на агресија, дури и ако не бил сторен со предумисла, ја образложи пресудата за Бигс судијата Грејс Леонг.

– Ова е толку сериозно што мора да се изрече затворска казна. Го удривте Шарп со главата, додека тој гледаше на другата страна и воопшто не можеше да го избегне нападот, додаде Леонг.

Треба да знаете
Последни објави