Синоќа во Лондон се одржа премиерата на „Топ ган: Маверик“, новото поглавје на легендарниот блокбастер од осумдесеттите, една од најочекуваните филмски премиери на годината.
Еден ден по неговата светска премиера на филмскиот фестивал во Кан, продолжението на оригиналниот „Топ ган“ привлече големо внимание и во британската метропола, а на црвениот тепих беа и членови на кралското семејство.
Медиумите веднаш објавија дека војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт, присуствуваа на свечениот настан.
Том Круз, ѕвездата на филмот, им се придружи на црвениот тепих на „Лестер Сквер“.
Оригиналниот филм „Топ ган“ беше објавен пред повеќе од 30 години.