Македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски со Ал Фејха и Стефан Ашковски со Сепи освоија куп-трофеи во Саудиска Арабија и Романија.
Тимот на Трајковски испиша историја освојувајќи го првиот Куп трофеј во С. Арабија. Ал Фејха победи на пенали со 3-1 против Ал Хилал откако мечот заврши без победник (1:1 и по продолженијата). Трајковски беше стартер на мечот и играше до 105 минута.
Стефан Ашковски, пак, со Сепси го освои трофејот во Купот благодарение на победата над Волунтари со 2-1. Македонскиот интернационалец беше во стартниот тим и го одигра целиот натпревар.