Англичаните во недела го играат последното коло од Премиер лигата. Водечкиот Манчестер Сити има 90 бодови, само еден повеќе од Ливерпул. И тука настанува проблемот бидејќи Сити на домашен терен игра против Астон Вила која доколку „граѓаните“ ја освојат титулата ќе добијат бонус од 18 милиони евра поврзан со трансферот на Џек Грилиш.
Пресметката е јасна- Манчестер Сити мора да ја победи Астон Вила пред своите навивачи во недела на „Етихад“ за да ја обезбеди титулата. „Црвените“ во исто време го пречекуваат Вулверхемптон на „Енфилд“. А во исто време се надеваат на неуспех на тимот на Пеп Гвардиола …
Но има голем проблем бидејќи Астон Вила има дури 18 милиони причини зошто треба да го загуби натпреварот против Сити. Англичаните сега се „на игли“, прашање е дали првенството воопшто е регуларно, а сето тоа се случува поради трансферот на Џек Грилиш (26) во летото 2021 година.
Еден од најголемите трансфери на Островот во тоа време вредеше околу 118 милиони евра, но во договорот се вклучени голем број клаузули кои сега се покажуваат како голем проблем.
Имено, според еден од нив, Астон Вила треба да добие бонус од 18 милиони евра доколку и кога Манчестер Сити ја освои титулата!
Сити треба да ја потврди титулата со победа против Астон Вила во последното коло и сега сите со право се прашуваат дали првенството е регуларно?