Оштетената и реставрирана гитара на Ноел Галагер беше продадена на аукција во парискиот Hôtel Drouot за 385.000 евра. На аукцијата, одржана во вторникот попладне, на продажба беа ставени беа десетици инструменти, сценски костими и плочи на музичари кои станаа големи ѕвезди.
„А сега најважниот момент на шоуто“, рече аукционерот кога ја најави темата на наддавање – 84 предмети меѓу кои имаше музички инструменти, фотографии, плочи и костими. Аукцијата беше организирана од галеријата Artpèges и компанијата Lemon Auction.
Предмет број 52 беше гитарата на фронтменот на „Оазис“ Ноел Галагер, а која брат му Лиам ја скрши во жестока расправија пред концертот на бендот на 28 август 2009 година.
Гитарата е црвен Gibson модел ES-355, направена во 1960 година, има шупливо тело и два отвори во форма на „ф“.
Ноел Томас Дејвид Галагер е англиски пејач, текстописец и музичар. Тој ги пишуваше песните и беше главен гитарист и еден од вокалите на рок-бендот „Оазис“.