Канскиот филмски фестивал кој ги собра светските актерски ѕвезди, освен гламурот, ја покажа и другата страна. Kако што пренесуваат светските медиуми, непозната жена го соблекла својот фустан и гола, со исцртано украинско знаме на градите започнала да вика на црвениот тепих.На телото и пишувало – Престанете да не силувате, а набргу по инцидентот, обезбедувањето ја покрило со јакна и ја тргнало од пред збунетите гости.