Холанѓанецот максимално го искористи подарокот од најголемиот ривал сезонава, Шарл Леклер од тимот на Ферари, кој тргна од првата стартна позиција и имаше удобно водство сѐ до 28 круг, кога мораше да се откаже поради механички проблеми на болидот.
Верстапен до триумфот дојде и покрај излетувањето на песокот, што што едвај се врати на патеката, нешто што му се случи и на Саинц, а во текот на трката остана и без ДРС-забрзувањето.
На подиумот се најдоа уште Перес, кој доби дополнителен поен поради што имаше најбрз круг и Расел, додека зад нив завршија Саинц и Хамилтон, кој до оваа позиција дојде откако претходно падна дури до 19. позиција по блиската средба Магнусен.
Најдобрите десет на трката во Барселона ги комплетираа Ботас, Окон, Норис, Алонсо и Цонуда.
Пилотот на Ред Бул ја запиша четвртата победа оваа сезона од вкупно извозени шест трки и тоа покажува дека актуелниот шампион во Формула 1 победува на трките секогаш кога истите ги завршува.