Ноќва се одигра третиот натпревар од финалната серија во плеј-офот на Источната конференција на НБА, а кошаркарите на Мајами Хит со победата против Бостон Селтикс поведоа во серијата 2-1. Мајами славеше со резултат 109-103.
Најдобриот кошаркар на Мајами, Џими Батлер одигра само 19 минути поради повреда на коленото.
Со нетрпение се чека да се види дали станува збор за сериозна повреда или ќе се врати за следните натпревари.
Кошаркарите на Бостон катастрофално го започна натпреварот. Домаќинот постигна само 18 поени во првите 12 минути, а одговорот на Мајами беше крајно убедлив – 39. Селтикси се консолидираа во вториот квартал, но успеаја да надополнија само шест поени на полувреме, а во продолжение Мајами продолжи со ист стил и во финалните 12 минути влезе со позитива од 15 поени.
Како што се ближеше крајот на последната делница, предноста на Мајами постојано се топеше, но гостите не дозволија да го прокоцкаат на она што го направија на почетокот на натпреварот и стигнаа до победа која ги носи на половина пат од финалето во НБА. Она што меѓу другото му го донесе овој брејк на Мајами е одличната одбрана и дури 19 украдени топки во текот на натпреварот.
Адебајо го предводеше Мајами со 31 поен, десет скока и шест асистенции, Такер додаде 17 поени и седум скока, а Струс реализира 16 поени. За Бостон прв стрелец беше Браун со 40 поени и девет скока.