Италијанската Серија А доби нов шампион. Во последното коло од италијанскиот фудбалски шампионат Милан ја оправда улогата на фаворит против Сасуоло и со победата од 0-3 (0-3) по пауза од 11 години повторно е освојувач ја Калчото.
Милан го задржа водството во Серија А и заврши со два бода пред вечниот ривал Интер, кој славеше против Сампдорија со 3-0.
За „росонерите“ ова е вкупно 19-та титула во Серија А, со што се израмнија со градскиот ривал Интер, кој, пак, минатата сезона ја прекина доминацијата на Јувентус.
На „Реџо Емилија“, момците на Стефано Пиоли одиграа фантастичен натпревар и уште еднаш го докажаа квалитетот кој што го поседуваат оваа сезона. Прашањето на победникот на натпреварот беше решен уште во првото полувреме, во кое миланезите не оставија ништо на случајност и со три гола во противничката мрежа потврдија зошто оваа сезона се најдобриот тим во Италија.
Стрелец на првите два гола за Милан беше искусниот Жиру, додека Кеси во 36. минута погоди за комотни 0-3. Треба да се напомени, дека во првиот дел во Сасуоло блескаше Леао, кој беше асистент на сите три погодоци за својот тим. Во вториот дел Милан искусно го сочува водството и израдува преку 20.000 фанови на „Реџо Емилија“.
Интер запиша пирова победа од 3-0 против Сампдорија, но на крај мораше да се задоволи со втората позиција на табелата.
Во Лигата на шампиони следната сезона ќе играат Милан, Интер, Наполи и Јувентус, додека во Лига Европа место обезбедија Лацио и Рома, а Фиорентина мораше да се задоволи со Конференциската лига.