Шпанската фудбалска Ла Лига денеска објави официјално соопштение во кое наведува дека ќе испрати тужба против ПСЖ и тоа на три места.
Шпанците се сомневаат во финансиското работење на францускиот клуб. Според она што го прикажуваат на крајот од секоја фискална година парижаните не можат да си го дозволат новиот договор на Килијан Мбапе и да бидат во рамки на „Финансискиот фер-плеј“ на УЕФА.
Шпекулациите се дека Мбапе во следните три години ќе има плата од преку 50 милиони евра по сезона и плус добил бонус од 100 милиони евра за продолжување на договорот.
„Скандалозно е клуб како ПСЖ, кој минатата сезона пријави загуби повеќе од 220 милиони евра откако собраа загуби од преку 700 милиони евра изминатите неколку сезони (додека пријавуваа спонзорски договори со сомнителна вредност), со тим кој вреди 650 милиони евра за оваа сезона, може да склучи договор, додека другите клубови кои можат да си го дозволат без финансиски имплакции врз својот тим, се оставени без можност да го потпишат.
Ла Лига ќе испрати жалба против ПСЖ во УЕФА, Француските административни и фискални власти, како и до Европската унија за да продолжи да го брани економскиот еко-систем на европскиот фудбал и неговата издржливост“, се вели во дел од соопштението.
Ла Лига вели дека ПСЖ и нејзиниот претседател Насел ел Келаифи, но и фактот што еден клуб е финансиран од држава се вистинското зло на модерниот фудбал.
„Ова однесување демонстрира уште еднаш дека државно финансирани тимови не ги почитуваат и не сакаат да ги почитуваат правилата на сектор, важен како фудбалот. Овие правила се клучот кон одржување на стотици илјари работни места.
Однесувањето кое го демонстрира Келаифи, претседателот на ПСЖ и член на Извршниот комитет на УЕФА и претседател на ЕКА (Европска клупска асоцијација), го загрозува европскиот фудбал на исто ниво како и Европската Супер лига.
— lostinspace (@lostinspace135) May 21, 2022