Една од најголемите фаворитки за триумф на годинешното издание на „Ролан Гарос“, Онс Жабер од Тунис, се соочи со шокантна елиминација од вториот гренслем-турнир во 2022 година, откако загуби уште во првото коло во пресметката со Магда Линет.
Победничката на неодамнешниот мастерс во Мадрид, финалистката од Рим и шеста тенисерка на светот добро го почна натпреварот и релативно лесно го доби првиот сет (6-3), но потоа изненадувачки ги загуби следните два (7-6, 7-5) со што го заврши престојот во Париз.
Во второто коло се пласираа и Сорана Кирстеа, која славеше со 2-0 во сетови против Марија од Германија како и Хадад Маиа, Осорио и Стивенс, кои победија во три сета.
Во машка конкуренција, Борна Чориќ во четири сета беше подобар од Табернер, Григор Димитров славеше со 3-0 против Гирон, додека мало изненадување претставува елиминацијата на повратникот Доминик Тием, кој во три сета загуби од Делиен.