Многу украински спортисти решија да ја стават кариерата во мирување за да се приклучат во одбраната на нивната татковина од руската инвазија. Последен кој го даде животот за неговата држава беше 30-годишниот боксер Олег Прудки, кој двапати беше шампион во аматерски бокс.
Боксерот се приклучи на специјалните воени сили на Украина, а животот го загубил во неделата заедно со уште три лица кои загинаа во нападите.
Украинаецот никогаш не стана професионалец, а зад себе ги остави сопруата Мариана и двете ќерки.