Сеуште актуелниот европским фудбалски првак, англискиот премиерлигаш Челси наскоро ќе добие нов сопственик. Премиер-лигата даде зелено светло за купопродажбата на клубот од „Стемфор Бриџ“ од страна на конзорциумот предводен од американскиот мултимијардер Том Боили.
Овој конзорциум понуди 4,25 милијарди фунти да го преземе клубот од Роман Абрамович, понуда што веќе беше прифатена од британската влада (чии претставници ги водеа преговорите поради замрзнувањето на имотот на Русинот), а со денешното прифаќање и од Премиер-лигата веќе нема никаква пречка лондонскиот клуб да добие нови сопственици.
За официјализација сега останува само уште владата на Велика Британија да ја даде неопходната дозвола за купопродажбата, што не би требало да биде никаков проблем со оглед на фактот дека сите клучните детали беа договорени токму со владините претставници.