Навивачи кои пристигнаа денеска во Тирана по повод финалниот натпревар од фудбалската Лига на Конференции меѓу Феенорд и Рома, направија хаос низ градот. Навивачите на Феенорд и Рома се судрија со полицијата по што е причинета материјална штета, а има и повредени.
Албанската полиција пријавила три случаи на инциденти. Во првиот случај Албанец ги провоцирал холандските навивачи пеејќи за Рома, па бил удрен со стол во главата, и пренесен во болница. На неколку стотици метри од седиштето на Владата, полициските сили се судриле со група од околу 200 навивачи кои фрлале со палки и камења, при што се повредени двајца припадници за одржување на редот и мирот во градот. Во друг судир во центарлното подрачје, „настрадале“ автомобилите на полицијата.
Локалниот портал „Панорама спорт“ вечерва објави дека група навивачи од Рим, кои цело време биле придружувани од полиција, ја нападнале и зградата на премиерот на Албанија! Во таа прилика тие се однесувале многу агресивно и се обиделе да ги уништат натписите на неа. Ултрасите на римскиот клуб цело време агресивно реагираа на насоките на полицијата која бараше да се воздржат од судири со холандски навивачки групи.
Во тој инцидент двајца полицајци се повредени и веднаш се пренесени во болница за укажување лекарска помош. По неколку минути полицијата ја презеде ситуацијата, го опколи просторот и ги избрка италијанските навивачи, кои со палки и цврсти предмети претставуваа опасност за минувачите.
olandesi e albanesi questo pomeriggio,un albanese colpito alla testa in ospedale pic.twitter.com/HYcoWYZMcY
— Paulo Dybala (@paulodybala___) May 24, 2022