Леворакиот бек имаше одлични партии во дресот на македонскиот првак и освојувачот на двојната круна. Особено во клучните моменти и во натпревари кои беа од особено значење за тимот. Со неговите продорни влезови и прецизни шутеви на многу натпревари Вардар ја покажа играчката надмоќ, а подеднакво одлично играше и во одбрана.
“Бескомпромисен борец и вистински професионалец, и на задоволство на двете страни е продолжена соработката за најмалку уште една сезона. Моралес и во иднина ќе ги „кине“ ривалските мрежи, не само во домашното првенство туку и во Лигата на шампионите”, пишаа во Вардар.
Сезонава Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот. Неговите голови беа и дел од Топ-5 голови на колото во лигата на шампионите и во СЕХА лигата.