Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли ќе направи трансфер во Јапонија следната сезона, а тоа најверојатно значи и дека нема да игра во иднина за нашиот национален тим. Дури и да има волја од двете страни, сепак, ќе има објективни причини Македонската кошаркарска федерација (МКФ) да бара нов натурализиран кошаркар за настапите на репрезентацијата следната сезона. Вајли од следната сезона ќе игра за Шига Лејкастарс.
Календарот на натпревари не е усогласен, а секако се губи многу време и во долгите патувања. Вакој беше развојот на настаните и со претходниот Американец кој доби македонско државјанство, Шејн Витингтон.
Џејкоб Вајли сезоната ја стартуваше во Будуќност и ја заврши во Реал Бетис. Тој би требало да биде на располагање за првата фаза од квалификациите за СП 2023, кога Македонија треба да игра против Шпанија и против Украина.