Црвена звезда ја крена и втората титула сезонава оставајќи го со празни раце вечниот ривал Партизан, откако по првенствената пресметка беше подобра и во финалето од Купот на Србија (2:1) на стадиониот „Рајко Митиќ“. Херојот на „црвено-белите“ беше двојниот стрелец Александар Катаи.
Црвена звезда поведе во 26 минута, Партизан израмни преку Слободан Урошевиќ во 61 минута, за да десетина минути подцна Катаи по вторпата и донесе предност на сцвојата екипа и победа за ново големо славје.
Со ова избраниците на Дејан Станковиќ ја одбранија двојната круна во Србија или поточно по 12. пат имаат ваков двоени учинок во една сезона.