Тренерот на српскиот фудбалски клуб Партизан, Александар Станојевиќ, поднесе оставка откако под негово водство „црно-белите“ сезонава ги загубија двата трофеји во трката со вечниот ривал Црвена звезда.
-Им кажав на луѓето кои го водат клубот дека ако не освоиме трофеј, нема да бидам тренер следната година. Тие го знаеја тоа. Ги известив играчите во соблекувалната дека повеќе не сум тренер на Партизан, изјави Станојевиќ на прес-конференција по финалето на Купот на Србија.
Фудбалерите на Партизан вечерва загубија во финалето на Купот на Србија од Црвена звезда со 2-1, па сезоната ја завршија без освоен трофеј.