Астон Вила се засили со Карлос од Севиља

Премиерлигашот Астон Вила постигна договор со шпанскиот прволигаш Севиља за трансфер на бразилскиот фудбалер Диего Карлос, потврдија двата клуба.

Финансиските детали не се објавени, а според англиските медиуми, вредноста на договорот изнесува 26 милиони фунти.

Карлос беше дел од бразилската репрезентација, која на Олимписките игри во Токио го освои златниот медал.

Бразилецот е второ засилување на Астон Вила за новата сезона, по Бабукар Камара од француски Олимпик Марсеј.

Треба да знаете
Последни објави