Кошаркарите на Црвена Звезда поведоа против Партизан (90:76) во финалната серија од регионалната АБА-лига која се игра кој прв до три победи. „Црно-белите“ доминираа во најголемот дел од првото полувреме, но Ц.звезда сепак замина со предност на пауза од 42:39. На стартот на вториот дел домашниот состав направи серија од 8-0 за да дојде до двоцифрена предност. Партизан иако успеа во еден момент да намали на -6, Црвена звезда не дозволи да направи и пресврт.
Никола Ивановиќ со 18 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а Кевин Пантер со 15 поени беше прв стрелец кај Партизан.
Следниот натпревар повторно се игра на паркетот на Црвена звезда во салата „Александар Николиќ“, потоа серијата е предвидено да продолжи со два домашни меча за Партизан.