Добрината и големината на луѓето се препознава во тешките моменти, а овие денови во центарот на Скопје, голем број дониранани пакети за бегалците од Украина во земјата, го најдоа својот пат токму во МОШ Бар (Центар). Истите беа вистинска инспирација и потсетник дека времето за помош на оние на кои им е најпотребно е секогаш, со апел за секој ден да е ден на хуманост.
Во склоп на хуманитарната неколкудневна акција „Денови на Хуманост”, по тридневната можност за донирање на потребна облека, храна и слично, – вечерва, 29.05.2022 (петок), со почеток во 21 часот, во МОШ (Центар), донаторската акција ќе заврши со Хуманитарна забава. Со симболичен влез од 100 денари ќе се соберат дополнителен фонд на средства, а собраната помош ќе ѝ биде доделена на Амбасадата на Украина во Скопје и распределена на бегалците на македонска територија.
Бегалците од Украина, од кои дел се затекнати и кај нас, а кои ги оставија своите домови зад себе поради конфликтот помеѓу Украина и Русија, се жив пример дека утрешниот ден не е гарантиран, како и дека секој човек може да се претвори во бегалец кому би му била потребна помош.
„Денови на хуманост” е во организација на Јован Андоновски, заменик Народен правобранител, кој воедно е иницијатор на донаторската акција, како и МОШ (MOSH Bar) во Скопје.