Возачот на Мерцедес и седумкратен светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон би можел да добие забрана за настап на трката за Големата награда на Монако ако не го тргне накитот од носот.
Британски „Дејли Мејл“ објави дека Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) им забранува на возачите да носат накит во болидите.
ФИА му даде време на Хамилтон да го тргне накитот, по што британскиот возач доби предупредување, а ако не ги почитува правилата, тогаш ќе добие казна.
Хамилтон претходно кажа дека не сака да го тргне пирсот затоа што е потребна хируршка интервенција, но сепак ќе мора да ги почитува правилата ако сака да вози во „најбрзиот циркус“ во светот.