Мохамед Салах вечерва ќе има шанса да му се одмазди на Реал Мадрид за тоа што му се случи во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година.
„Кралевите“ во финалето кое се одигра во Киев ги совладаа „црвените“ со 3-1, а Салах лошо го памети овој меч. Тој по половина час ја напушти играта поради повреда на рамото што ја доби на дуелот со Серхио Рамос.Многумина веруваа дека Рамос намерно го повреди Египќанецот. Како и да е Салах вечерва ќе има нова прилика.
„Одмаздата е во мојата глава од 2018 година. Не сакам да бидам погрешно сфатен, немам лошо мислење. Реал е Реал – тие се неверојатен тим“, изјави Салах за „БТ Спорт“ пред финалетоМенаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, исто така зборуваше за одмаздата за поразот во 2018 година„Го загубивме тој ден, се повреди во рана фаза од натпреварот. Сега е во многу добра форма и секој играч има различна мотивација. Тоа не му е единствената мотивација, но ние не сме го заборавиле тој натпревар. Многумина забораваат и дека Кариус се здоби со потрес на мозок“, изјави Клоп.
Финалето на Лигата на шампионите се игра вечерва од 21 часот во Париз.