Финалниот натпревар од фудбалската Лигат на шампионите во Париз меѓу Ливерпул и Реал Мадрид започна со задоцнување повеќе од половина час поради проблемите кои ги направија навивачите на англискиот тим. Иако УЕФА како причина за двојното одложување на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул што се игра на стадионот „Франција“ ги наведе безбедносни проблеми, медиумите објавуваат дека станува збор за тоа што неколку илјади навивачи на Ливерпул без билети влегле на стадионот, додека пред него има илјадници навивачи со билети кои повеќе од два часа чекаат да влезат на стадионот и да го гледаат натпреварот.
This is happening the the background tunes of Camila Cabello it’s unbelievable pic.twitter.com/Kocvy6X8pX
— mentality giant (@mentalitygiant) May 28, 2022
Пред стадионот интервенирала и француската полиција која во обидот да спречи да влезат без билети, употребила солзавец врз навивачите на Ливерпул иако меѓу нив имало и деца.
Intanto a #Parigi…
— Pietro Balzano Prota (@PBPcalcio) May 28, 2022