Поранешниот капитен на златната македонска младинска фудбалска генерација која прва заигра на една завршница од ЕП во 2017 година Давид Банунски, повторно е дел од државниот тим, овојпат сениорскиот. Бабунски не крие дека е најсреќен е што дочекал јавноста во земјава да ја гледа Македонија како фаворит, нешто што беше незамисливо.
-Натпреварувањето во Лигата на нации е нов предизвик, мора да го искористиме за да се развива, подобрува и потврдува нашиот квалитет. Среќен сум што стигнавме јавноста да не гледа како фаворит во вакви групи, што пред неколку години не беше така. Тоа е поради перфромансите на репрезентацијата, но ние треба да се задржиме да бидеме скромни и да продолжиме да работиме, вели Бабунски во пресрет на првиот меч од групата со Бугарија во Разград на 2 јуни.
Овие натпревари според Бабунски се шанса за сите кои имале помала минутажа, да добијат шанса и да ја искористат.
-Одлична ситуација за оние со помала минутажа да покажат и докажат дека може да играат во репрезентацијата и сите да имаат некоја вредност, дополни Бабунски кој ги чека своите „пет“ минути во сениосркиот состав каде се заедно со неговиот брат Дориан.