Женскиот фудбалски клуб „Љуботен” од Тетово е шампион на Македонија во сезоната 2021/2022. Тимот од Тетово во последното коло од Првата женска фудбалска лига ја совладаа екипата на ЖФЦ СЦ Истатов во Дојран со 3:1 и ја обезбеди титулата.
-Сите три голови ги постигна Присцила Едите Силва во првото полувреме, во 9-та, 26 и 31-минута. Единствениот гол за домаќинките го постигна Петрушевска во 84 минута, информираа од ЖФК Љуботен.
ЖФК Љуботен стана шампион со вкупно 55 бодови. Во 22-те кола овие 55 бодови се обезбедени со 17 победи и четири нерешени дуели и само еден пораз.