Енди Мекдауел и Хелен Мирен се забавуваа на црвениот тепих во Кан и со својот танц ги воодушевија фановите. Холивудските дами танцуваа на црвениот тепих на премиерата на филмот „Мајка и син“.
Тие ги воодушевија и новинарите и фановите, кои коментираат дека и во седмата, односно осмата деценија, актерките знаат како да се забавуваат. На премиерата Мекдауел (64) беше облечена во лелеав фустан со пруги, а Мирен (76) носеше сребрен фустан.