Ерата на Абрамович официјално заврши, Челси од денеска има нов сопственик!

Американски конзорциум на чело со бизнисменот Том Боли официјално ја презеде сопственоста врз англискиот прволигаш Челзи, соопшти денеска лондонскиот клуб.

– Фудбалскиот клуб Челзи може да потврди дека синоќа е склучен конечен договор за продажба на клубот на конзорциумот Тод Боли/Клирлејк Капитал (Clearlake Capital). Се очекува трансакцијата да биде комплетирана в понеделник, соопшти Челзи.

Американскиот бизнисмен Боли уште на 7 мај го договори купувањето на Челзи за сума од 4,25 милијарди фунти (4,97 милијарди долари) од досегашниот сопственик Роман Абрамович.

Челзи беше во сопственост на рускиот олигарх 19 години и за тој период освои вкупно 21 трофеј, вклучувајќи и две титули во Лигата на шампиони.

Треба да знаете
Последни објави