Американскиот автомобилист Колтон Херта (22) беше дел од еден од најчудните тркачки инциденти во САД. Боолид неконтролирано леташе на патеката во Индијанаполис, откако Колтон со задниот дел удри во ѕидот и целосно се преврте. За среќа, младиот американски возач помина без повреди.
Видеото од автомобилот на „Андрети Аутоспорт“ кој се превртува на патеката на која се вози „Инди 500“, веќе го преплави интернетот.
„Мислам дека влегов во таа кривина премногу брзо“, рече Херта кога се беше готово.
Исто така, младиот возач веднаш по инцидентот разговарал со целата екипа додека се уште бил во автомобилот. Тој бил свесен за се што се случува додека возилото неконтролирано леташе на патеката, а имал среќа што од другата страна можел да го слушне гласот на неговиот татко.
Неговиот татко Брајан е поранешен шампион на Инди кар, кој сега работи како стратег на трките кај својот син. Тој му ги дал клучните упатства, да не го напушта возилото додека не пристигне брзата помош, за да може безбедно да биде извлечен од превртениот автомобил.
Инаку, Колтон е најмладиот победник на трката во Инди кар серијата, а во претходните пет години забележал седум триумфи.