Домашниот тим славеше со 3-2 во регуларните 90 минути, па натпреварот отиде во продолженија, бидејќи на првиот натпревар Монца пред своите навивачи победи со 2-1. Во Италија исто како и во натпреварите на УЕФА не важи правилото „гол во гости“.
Во дополнителнито време гостите погодија уште два пати за конечни 3-4 и пласман во Серија А.
Интересно е тоа што сопственик на овој тим е Силвио Берлускони, а директор е Адријано Галија. Овој тандем повеќе од 30 години беше на чело на Милан, кој под нивно водство го имаше најуспешниот период во својата богата историја.
Од следната сезона Монца и Милан ќе бидат ривали на теренот. Помалиот клуб ќе игра во елитата за прв пат во историјата, а „росонерите“ како бранителите на тронот во Италија.
Нови прволигаши освен Монца се и Лече и Кремонезе.