Рафаел Надал по голема борба избори пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос.
По пет сета и четири часа и 23 минути игра, Шпанецот го победи Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме со 2:3 во дуелот од осминафиналето на вториот Грен слем во сезоната.
Првиот сет го доби канадскиот тенисер со 6:3, а потоа Рафа се буди и ги зема следните два со 3:6, 2:6.
Сепак, во четвртиот сет Оже-Алиасиме задржа повеќе сили, го доби сетот со 6:3 и го одведе мечот во петти сет.
Во петтиот решавачки сет Надал искористи еден брејк кој беше задоволителен за 3:6 и конечни 2:3.
Во четвртфиналето на земјена подлога на Париз ќе ја гледаме класиката меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.