Нотингем форест го доби „мечот од 150 милиони фунти“ против Хадерсфилд на „Вембли“ со 1:0 за да обезбеди враќање во Премиерлигата првпат од 1999 година, приклучувајќи им се на Фулам и Бурнемаут во елитата.
Единствениот гол на мечот пред 80.000 фанови падна во 43. минута од мечот кога младиот дефанзивец на Хадерсфилд, Ливај Колвил ја смести топката во сопствената мрежа.
Ова претставува огромен успех за газдата на Нотингем, грчкиот милијардер Евангелос Маринакис, инаку сопственик и на Олимпијакос, кој го купи клубот во 2017 година. Форест беа последни на табелата во Чемпионшип во септември, кога беше именуван новиот тренер Стив Купер, за во неверојатен финиш да завршат на четвртото место, по што во полуфиналето на плејофот ги елиминираа Шефилд јунајтед.
Форест, инаку, е единствениот клуб во историјата на европскиот фудбал, кој има повеќе европски отколку национални титули. Форест во 1978 година под водство на легендарниот тренер Брајан Клоф ја освоија титулата од Првата дивизија, за во 1979 година да го совладаат Малме во финалето на Европскиот куп со 1:0, а во 1980 да ја освојат и втората европска круна, со 1:0 победа над Хамбургер.
OWN GOAL!
Levi Colwill’s own goal gives Nottingham Forest the lead over Huddersfield Town 🔴#NFFC | #EFLPlayoffs
https://t.co/05mYYmPbQC— Fast Footy Goals (@fast_footygoals) May 29, 2022