Оксер, поранешниот француски шампион по десетгодишен престој во втората лига, се враќа во елитата и тоа на „сметка“ на 10-кратниот шампион Сент-Етјен, кој очајната сезона ја заврши со драматичен пораз на пенали.
Првиот меч од баражот за билет за Лига 1 во Оксер заврши 1:1, по што на „Жофро-Гишар“, гостите успеаја да стигнат во водство со голот на Хамза Саки во 51. минута. Сент-Етјен, чиј рекорд од 10. француски титули оваа сезона го израмни Пари Сен-Жермен, успеа да израмни преку Махди Камара во 71. минута, и со овој резултат завршија регуларните 90 минути, како и двете продолженија.
Во пенал-серијата, Сент-Етјен го утнаа првиот обид за да бидат елиминирани со 4:5.