Првиот сет почна како од бајка за Ѓоковиќ, кој направи два брејка, откако претодно спаси две топки во третиот гем и го доби сетот со 6-1.
Во вториот се Шварцман водеше со 3-0 и го покажа својот квалитет, но потоа Ѓоковиќ со неверојатен пресврт стигна до 6-3.
Третиот сет беше израмнет, по што Ѓоковиќ спасуваше брејк-топка на свој сервис, но потоа го скрши ривалот и до крајот немаше проблеми за да го освои третиот сет со 6-3.
Во четвртфинале ќе се соочи со подобриот од мечот меѓу Рафаел Надал и Феликс Оже-Алијасим.