Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер се осврна на победата на Реал Мадрид над Ливерпул со 1-0 во финалето на Лигата на шампионите. Според 72-годишниот Французин, поразот на „црвените” во борбата за титулата во англиската Премиер лига влијаел на самодовербата на тимот.
– Откако го гледав натпреварот, се прашувам дали разочарувањето по губењето на борбата за титулата во Премиер лигата влијаеше на самодовербата на Ливерпул? Се чувствуваше дека Салах, Мане и сите оние играчи кои можат да направат разлика не беа многу свежи и уверени дека можат да направат разлика, истакна Венгер.
Тренерот смета дека директен виновник за Ливерпул е голманот на мадридскиот клуб Тибо Куртоа.
– Да бидеме искрени, Ливерпул загуби од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите поради Куртоа. Ми се чинеше дека можат да победат доколку го израмнат резултатот и добијат самодоверба. Но, не најдоа добар момент да ги реализираат своите шанси, додаде францускиот фудбалски стручњак.
Токму Тибо Куртоа беше прогласен за најдобар играч на натпреварот. Во финалето одиграно синоќа во париз, Белгиецот забележа девет одбрани. Во сезоната 2021/22, Куртоа учествуваше на 51 натпревар за Реал Мадрид, на кои прими 46 гола, а 22 пати ја зачува мрежата „сува”. Неговиот договор со мадридскиот клуб е пресметан на 30 јуни 2026 година.