Првиот стрелец на германскиот фудбалски првак Баерн Минхен, полскиот интернационалец Роберт Левандовски е пред заминување во редовите на шпанската Барселона. На негово место во Минхен треба да пристигне сенегалскиот интеранционалец Садио Мане од Ливерпул. Англискиот и европски вицепрвак Ливерпул не седи со скрстени раце и доколку дојде до овој трансфер веќе има план кого ќе го доведе на „Енфилд“.
Британскиот весник Мирор денеска објави дека прва цел на „црвените“ е корејскиот репрезентативец Сон Хеунг Мин од Тотенхем кој зад себе има одлична сезона и заедно со Салах беше најдобар стрелец во Премиер лигата. Проблем е тоа што напаѓачот има уште три години од договорот, а познато е колку тежок преговарач е извршниот директор на Спарс, Даниел Ливај.
Цената за Сонг изнесува околу 60 милиони евра што не е недостижно за Ливерпул, бидејќи Мане ќе биде продаден за најмалку 50 милиони. Неизвесно е дали воопшто Тотенхем ќе се согласи да го продаде пред сезоната во која со Конте се надева на атак на титулата во Премиер лигата.