Седумкратниот освојувач на „златната топка“, Лионел Меси, фудбалерот на Пари Сен Жермен посочи во интервју за аргентински „Туц Спорт“, дека Реал Мадрид сезонава не бил најдобриот тим во Лигата на шампионите, иако „кралскиот клуб“ ја освои најслатката круна откако ги победи сите фаворити на патот до 14-та круна во историјата.
Реал Мадрид во саботата славеше со 1-0 во финалето против Ливерпул, откако „црвените“ ги запре извонредниот Тибо Куртоа, а до финалето мадриѓаните го елиминираа ПСЖ иако на пола час од реваншот имаа огромни вкупни 0-2 со хет-трик на Бензема. Во четвртфиналето, магичната асистенција на Лука Модриќ против Челси ги остави во живот после 0-3 на десет минути пред крајот и елиминација, за во продолженијата да успеат да дојдат до најсладок пораз за пласман, а со Манчестер сити имаа вкупни 3-5 до 90-та минута од реваншот и потоа Родриго за 84 секунди им даде два гола за продолженија, а Бензема со пенал обезбеди финале.
-Криво ми е што повторно не ја освоив Лигата на шампиони, но во ова натпреварување секогаш не победува најдобриот тим. Не сакам да го намалам успехот на Реал, но не беше најдобар тим во ЛШ. Бевме ривали 15 години, знам какви се и како играат. Од нигде никаде ни дадоа гол и го свртеа мечот. Подоцна тоа им успеа со Челзи, со Сити, едноставно знаат да казнат. Не е прв пат пехарот да го освои оној што е најдобар. Постојат специфични и психолошки моменти кога најмалата грешка ќе ве исфрли. Тие се подготвени за такви ситуации, да дојдат до финале и да станат шампиони, рече Меси.
Аргентинецот го даде своето мислење кој треба да го наследи како освојувач на „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер во 2022 година.
-Нема никакви сомнежи, многу е јасно дека Карим Бензема имаше фантастична сезона и на крајот ја освои и Лигата на шампиони. Тој беше клучен во сите натпревари почнувајќи од осминафиналето. Мислам дека оваа сезона нема сомнеж кој треба да ја освои ‘Златната топка, рече фудбалерот на ПСЖ.