Според направените пресметки на крајот од едвропската клупска сезона во која Реал мадрид ја освои Лигата на шампионите, Ајнтрахт Франкфурт лига Европа и Рома новоформираното натпреаврување Конференциска лига најмногу финасиски тежеше трофејот со „големите уши“.
Реал за 14. европска круна заработи скоро 140 милиони евра. Само победата во финалето им донесе 22,69 милиони евра, а тука се парите за учество, освоените бодови, наградите за секој пласман по групите во елиминациите, но и големиот бонус за историскиот коефициент во изминативе десет години. Кога сѐ ќе се собере излегува приход од 136,65 милиони евра, со дополнителни четири милиони евра што ќе ги добијат за учеството на Светското клупско првенство.
Ливерпул како европски вицепрвак ќе заработи 110 милиони евра, а сите останати ќе бидат под трицифрена милионска награда, но со огромни заработувачки.
Ајнтрахт за освоениот трофеј во Лига Европа ќе заработи до 40 милиони евра, а Рома двојно помалку.