Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ќе игра во четвртфиналето на овогодинешниот грен слем турнир „Ролан Гарос“ по одличната партија и победата за 107 минути со 3:0 во сетови 6:2, 6:3 и 6:2 против вториот носител Данил Медведев.
Ова беше четврти меч меѓу хрватскиот и рускиот тенисер и премиерна победа на Чилиќ, кој годинава продолжува со одлични игрите во Париз, Франција. Во досегашните четири победи тој загуби само еден сет против Унгарецот Мартон Фучович.
Во четвртфиналето Чилиќ ќе игра против седмиот носител Андреј Рубљов, кому Италијанецот Синер му го предаде мечот на почетокот од третиот сет и по 1:1 во сетови.
Чилиќ и Рубљев одиграа шест пати во кариерата, Русинот има предност од 4-2, а Чилиќ победи на последниот меч. Тоа се случи на почетокот на годинава на „Австралија опен“ кога Хрватот славеше со 7:5, 7:6 (3), 3:6, 6:3.
Чилиќ го комплетираше четвртфиналето и закажа пресметка со Андреј Рубљов, кој за 80 минути го мина Синер, откако овој го предаде мечот на почетокот од третиот сет. Иако Медведев беше фаворит, светски рекет број два е моментно, вечерва немаше шанси против извонредниот Хрват, кој во првиот сет направи два брејка при водство од 3-2 за да поведе, во вториот повторно во шестиот гем направи брејк за да дојде на чекор до триумф, а во третиот експресно му зема два сервиси на Русинот за убедливи 3-0 и потоа само рутински финиш до крајот.
Медведев лани на Роланд Гарос испадна во четвртфинале, па сега нема да загуби многу бодови во трката за првото место на АТП, што значи дека Новак Ѓоковиќ сепак ќе мора да го освои овој гренслем за да остане на првото место, каде неделава ја почна 372-та недела како број еден.
Утре четвртфиналињата стартуваат со пресметката Александер Звезрев – Карлос Алкараз, а вечерта е „класикото“ Рафаел Надал – Новак Ѓоковиќ.